Можат ли пријателствата да бидат ваша одбрана против дијабетес?
Веројатно се потпирате на пријатели во тешки времиња, но ново истражување сугерира како вашите пријатели дури можат да ви помогнат во превенција на еден голем здравствен проблем-дијабетес тип 2, пренесува WebMD.
Во истражувањето кое опфатило речиси 3000 средовечни до постари лица во Холандија, истражувачите откриле како личностите од социјални мрежи до 10 до 12 луѓе имале помала веројатност дека ќе развијат дијабетес тип 2 од личности со само седум до осум блиски пријатели.
Секој пад на членови на социјални мрежи бил врзан со 5 до 12 посто поголем ризик од дијабетес, покажало истражувањето. Истражувачите исто така откриле дека мажите кои живеат сами имале поголема веројатност од појава на дијабетес тип 2, додека кај жени кои живееле сами тоа не било случај.
Големината на социјалната мрежа може да има важно влијание на животниот стил на поединци, открила главната авторка на студијата Стефани Бринкуес од Универзитетот Мастрихт.
Тоа значи исто така повеќе контакти надвор од дома, а со тоа и повеќе социјални активности. Со тоа може да им се помогне на луѓето да го подобрат својот животен стил, да јадат здраво и да бидат физички поактивни, што воедно се важни чекори за спречување на дијабетес тип 2, кој е поврзан со седечки начин на живот и прекумерна тежина.