Mоже да дијагностицира повеќе од 50 типа на карцином: Нов изум на тест за крв

Едноставен тест на крвта може да забележи повеќе од 50 видови на карцином, пред какви било знаци или симптоми, велат научниците.

Може да помогне да се дијагностицираат туморите порано, кога може и полесно да се третираат и да се излекуваат, се надеваат експертите.

Повеќе од 99% од позитивните резултати се точни, велат од тимот, но клучно е да се провери убаво дека не се пропуштаат случаи. 

Лекарите го испитуваат на пациенти, но потребни се повеќе студии, велат во „Annals of Oncology“.

Како работи?

Тестот наоѓа хемиски промени во делови на генетскиот код - ДНК без клетки - што протекува од тумори во крвотокот.

Истражувачите, од Институтот за рак Дана-Фарбер и Медицинскиот факултет Харвард, кои соработуваат со колегите од Велика Британија од Институтот Францис Крик и Универзитетскиот колеџ во Лондон, тестирале повеќе од 4.000 примероци од пациенти - некои со и некои без карцином.
Беа вклучени повеќе од 50 видови на карцином, како што се дебелото црево, белите дробови и јајниците.
И кај 96% од примероците, тестот точно го открил видот на карцином.

Што велат експертите?

Студијата е финансирана од Граил, создавач на тест на крвта.
Еден од водечките истражувачи, проф Гиф Окнард, рече: „Овој тест на крвта се чини дека ги има сите карактеристики што се потребни за да се користат како тест за скрининг за повеќе видови рак.“

Кога тест како овој ќе биде подготвен за употреба?

„Врз основа на оваа успешна клиничка валидација кај илјадници пациенти, тестот е сега во ограничена употреба за клиничките испитувања. Но, пред овој крвен тест да се користи рутински, веројатно ќе треба да видиме резултати од клинички студии како ова за поцелосно да ги разбереме перформансите на тестот.
Секако, полето се движи брзо и ни дава надеж дека откривањето на карцином врз основа на крв ќе биде реалност“.

Раководителот за истражување на ракот во Велика Британија, д-р Дејвид Крозби, рече: „Откривањето на карциноми во нивни најрани фази, кога тие се помалку агресивни и потретирачки, има огромен потенцијал да спаси животи и ни требаат технолошки иновации кои можат да го претворат овој потенцијал во реалност.
Иако овој тест сè уште е во рана фаза на развој, првичните резултати се охрабрувачки.
Но, потребни се повеќе истражувања за да се подобри можноста на тестот за фаќање рани карциноми и сè уште треба да истражиме како тоа може да функционира со сигурност.“

извор: BBC