Може да ѝ позавидат и светските диви: Еве предлози како може да изгледаат жените во осмата деценија - Актерката Стојна Костовска одржа лекција по мода

Добивај вести на Viber

Македонската актерка Стојна Костовска плени со нејзиниот изглед и покрај тоа што таа ужива во пензионерските години.

Секогаш ведра и насмеана, и интересна да сподели по некој совет, искуство или мисла.

Стојна веќе ужива во осмата деценија од нејзиниот живот. До неа го има сопругот со кој неодамна прославија и 45 години брак.

На нејзиниот Фејсбук профил Костовска знае да објави фотографии со модни изгледи и секогаш тие изгледаат достојни и скроени токму само за неа.

Во нејзините изгледи доминираат фустаните со цветни дезени, но знае да избере и лежерен изглед со џинс, но и елегантна во долги фустани и високи потпетици.

Костовска често ја гледавме во македонските народни приказни иако таа беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар. „Хикирику“ е проектот кој и ја одбележа нејзината кариера. Радиската хумористична, сатирична радиоемисија, која се емитуваше на Македонското радио секоја недела. Костовска во 2021 година ја доби наградата „Васил Иљовски“.

Фото: Фејсбук

Во нејзин стил го прослави роденденот: За Стојна Костовска годините се само бројка

    Актерката Стојна Костовска слави годишница брак: „45 години во добро и лошо, секогаш заедно“