Актерката Стојна Костовска слави годишница брак: „45 години во добро и лошо, секогаш заедно“
Македонската актерка во пензија Стојна Костовска објави фотографија со нејзиниот сопруг Зоки, со кој се во брак долги години.
Парот ја слави љубовта веќе 45 години како што напиша актерката.
„45години во добро и лошо, секогаш заедно !!...ама незнам до кога“, стои на фотографијата со нејзиниот сопруг.
За актерката која секогаш плени со нејзиниот изглед и енергија, насмеана и позитивна, љубовта е нејзината водилка во животот.
Секогаш зборува за важноста на жената во едно општетсво и како треба таа да се негува и одвнатре и однадвор. Во празничното интервју за Женски Магазин таа вели „ние жените сме столбот на семејството и општетсвото, ние сме сопруги, мајки“.
„Жената е цврста како стена но може да биде кршлива како најтенко стакло. Јас го сакам мојот женски род и на сите жени им посакувам здравје и никому не припаѓаме туку сме свои сами на себе. Не дозволувајте никој да ве поседува, сакајте се себеси зд можете да љубите. Ве љубам“, вели Стојна Костовска.
Фото: ФејсбукПразично со Стојна Костовска: „За Божиќните празници мојата кујна мириса посебно од останатите денови“Рамо до рамо со Мерил Стрип, Сузан Сарадон, Џејн Фонда: Стојна Костовска на прагот на осмата деценија изгледа како „бомба“