Рамо до рамо со Мерил Стрип, Сузан Сарадон, Џејн Фонда: Стојна Костовска на прагот на осмата деценија изгледа како „бомба“
На 31 март оваа година, нашата позната актерка Стојна Костовска и официјално ќе ја отпочне осмата деценија од животот. Оваа дама по којзнае кој пат ја докажа онаа познатата, дека „годините се само број“.
И додека многумина се воодушевуваат на изгледот на светските актерки кои ја „газат“ осмата деценија од животот како Мерил Стрип, Сузан Сарадон, Џејн Фонда … кои забележливо имаат направено повеќе естетски корекции за да изгледаат младолико, ние се воодушевуваме на изгледот на нашата актерка која буквално изгледа, народски кажано, како „бомба“. Во неколку модни комбинации Стојна ја истакна својата витка линија, младешки дух и негувано лице, а брчките речиси и да ги нема.
На прашањето која е „тајната“ за ваквиот изглед, Костовска одговори дека тоа пред сè се должи на љубовта која ја опкружува и позитивниот став кон животот.
Секоја чест!