Можеше да добие повеќе од 100 милиони евра: Енрике Иглесијас се откажува од наследството на својот татко, а ова е причината што ги шокираше сите
Хулио има осум деца од два брака и вонбрачен син
Поради заладените односи кои ги има со својот татко, познатиот музичар Хулио Иглесијас, Енрике Иглесијас одлучил да се откаже од наследството. Како што пишуваат шпанските медиуми, пејачот одлучил да не го зема од татко му тоа што му припаѓа, како едно од неговите осум деца.
- Нивната врска никогаш не била најдобра, со години не се слушнале, дури ни на телефон. Енрике чувствува дека кариерата ја создал без помошта на татко му – пишува „Ел Национал“.
Инаку, богатството на Хулио Иглесијас се проценува на 800 милиони евра, па Енрике можеше да добие дури 100 милиони. Хулио поседува куќи во Мајами и Бахамите, има приватен авион вреден 45 милиони евра, сопствена марка вотка, винарска визба, ресторани, колекција на автомобили, акции во козметички компании и многу повеќе.
Освен што направи богатство преку успешната пејачка кариера, Хулио заработи и многу пари инвестирајќи во недвижнини во Доминиканската Република.
Да потсетиме, Хулио има осум деца од два брака, а утврдено е дека има и вонбрачен син. Имено, во 2019-та година, судот во Шпанија пресуди дека пејачот е татко на Хавиер Санчез Санто, со што го реши 30-годишниот спор за татковството откако славниот музичар одби да направи ДНК тест.
Извор: 24sedam.rs