Му нема рамен: Боки 13 со чанта и брош вредни 4000 евра за на прошетка

Добивај вести на Viber

Нема модна грешка. Сè што носи на себе е бренд, но и знае како да го износи, што е многу поважно од тоа што е брендирана облека.

Македонскиот шоумен и водител Бојан Јовановски – Боки 13 изненади со нов изглед.

Облечен во бела кошула, црно палто, бордо марама префрлена на едното рамо и добро стегната со црн колан и сиви панталони, Боки привлече внимание со чантата и брошот кои го надополнија неговиот изглед.

Инаку чантата е од модниот бренд „Сеинт Лорен“. Станува збор за кожена мазна чанта која чини нешто повеќе од 3.000 евра, како и брош со златен тон на истиот бренд во износ помал од 500 евра.

Ова не е прво модно издание на Боки кое „тежи“ толку многу. Неодамна го видовме во издание од 10.000 евра.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Боки 13 на кафе излегува во облека од скоро 10.000 евра: Ако е врвно, нека е со стил

Боки 13 е фаца: Очила од 250 евра, кардиган од 1300 евра, а чантата...