Му роди ќерка, а го чува далеку од јавноста: Кој е партнерот на водителката Маријана Мичиќ
Познатата српска водителка и актерка Маријана Мичиќ пред два дена роди девојче, а таткото кој е нејзин долгогодишен партнер долго го криеше од очите на јавноста.
Таа не е од оние јавни личности кои лесно го сервираат својот приватен живот пред медиумите и јавноста. Веќе неколку години е посветена на својата работа, но и на партнерот за кој малку се знае.
Маријана пред два дена на свет донесе девојче, а гордите родители ѝ го дадоа името Ана. Сепак, долгогодишниот партнер на Маријана не е некој што сака да се експонира во јавноста и да биде дел од неа. Неговото име е Милош Марјановиќ, по професија е продуцент, а многумина го знаат и неговиот татко, пејачот Срѓан Марјановиќ. Маријана и Милош пред неколку месеци прославија осум години врска, а водителката во една прилика истакна дека нивната врска се случила сосема случајно.
- Сигурно е дека судбината или универзумот си го направија своето, но ние двајца го заслужуваме тоа. Доколку моите и неговите постапки не наидеа на правилни реакции, врската сигурно немаше да трае, без разлика на љубовта – изјави таа претходно во интервју за „Hello“.
Таа во една прилика откри каде и како се запознале.
- Случајно, во ходникот. Бев гладна, тој носеше храна па го забележав- раскажа таа во една прилика на својот Инстаграм профил.
- Кога имаш дваесет години, побурно реагираш на секој гест на партнерот. Во тие години има помалку компромиси и повеќе дискусии, па врските побрзо се распаѓаат. Сè убаво се совпадна кај нас.
Маријана има само пофални зборови за својот вереник и гордо истакнува дека тој ја променил на подобро.
- Знаеше дека реагира во секој момент кога ќе ми дојдеа „жолтите минути“, што влијаеше на моето понатамошно однесување. Ова важи за многу ситуации во кои порано бев себична љубоморна, посесивна. Сето тоа го сведе на минимум – изјави Маријана.