Mудри мисли за човечките особини

Добивај вести на Viber

Во тебе се кријат тројца. Првиот е каков што сакаш да биде. Вториот, каков што мислиш дека си. А третиот, каков си навистина. И единствено тој не го познаваш доволно добро. 

Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ.

Во секој од нас живее чудно слепило. Сè гледаме, освен самите себе.

Кога барате совет, размислете за можноста на неговото прифаќање.

Мудриот човек не кажува сè што мисли, но затоа мисли сè што кажува.

Совет бараме тогаш кога го знаеме решението, но тоа не ни се допаѓа.

Кога некој е вреден слуга, жалосно би било да стане господар.

Светот е опасно место за живеење, не заради злобните луѓе, туку заради добрите кои ништо не превземаат.

Престани да размислуваш за своите граници, започни да ги откриваш своите можности.