Must have парче на сезоната: чанта околу половината
Можете да ги сакате или мразите, но факт е дека модните следачи ги обожаваат.
Сите модно освестени дами и оние кои ги следат актуелните трендови, сигурно забележале како уличната мода оваа пролет зграпчи едно парче кое донеодамна беше далечно минато. Секако се работи за магичната чанта околу половината која доживеа свое големо враќање на модната сцена.
Иако тоа можеби и не сакаме да го признаеме , Инстаграм стана едно големо виртуелно модно место кое диктира што е ИН и што е пожелно да го имате секоја сезона. Модните блогерки и инфлуенсерки носат парчиња кои со брзина на светлината се шират од мобилен до мобилен и го примаат статусот топ предмет на желба.
Ова модно парче беше тренд во 90-тите и тогаш беше реервирано само за практичност. Во центар на модата ги донесоа модните куќи на Marc Jacobs, Balenciaga и Gucci чиј модел на чанта околу половината доаѓа во две варијанти. А моделот Gucci стана токму еден од најбараните парчиња на сезонава.
Разгледајте го фотките и она што ви преостанува е да си набавите токму ваков модно парче.