Нa 8 ноември нѐ очекува најмоќната полна месечина: Ако сакате љубов или пари, треба да направите една работа
Во ноќта на полна месечина, според законот за привлекување, неопходно е да се замисли желбата на посебен начин
Во ноќта на полна месечина, според законот за привлекување, неопходно е да се замисли желбата на посебен начин
Секоја полна месечина има силен енергетски ефект кој исто така влијае на нашата енергија, расположение, соништа и потсвест. Иако многумина веруваат дека полната месечина има негативно влијание, таа може да донесе и важни упатства кои можеме да ги свртиме во наша корист.
Времето на полна месечина е идеално за одредени ритуали со кои можеме да ги манифестираме нашите желби. Овој месец, на 8 ноември, не‘ очекува уште помоќна полна месечина - ќе се совпадне со затемнување на Месечината, а астролозите тврдат дека овој период е секогаш обоен со драматични промени и изненадувања.
Се верува дека полната месечина е особено важна за оние кои бараат сродна душа, бидејќи набљудувањето на месечевата светлина со имагинација и визуелизација може да донесе движечка енергија и да ја зајакне храброста во љубовта.
Исто така, можете да напишете на хартија сè за што сонувате кога станува збор за љубовта. Запишете ги карактерните црти на потенцијалниот партнер, замислете како би изгледал вашиот состанок и што ќе ви донесе, какви чувства ќе разбуди.
Истиот принцип можете да го примените за исполнување на финансиски желби. Енергијата на полната месечина е одлична за визуелизација, па замислете ги работите што сакате да ги имате или парите што имате намера да ги заработите.
Размислете за чекорите што ќе ги преземете кон вашата цел, замислете како желбата веќе да ви се исполнила и почувствувајте ја. Затворете ги очите и замислете, а како дополнителна мотивација можете да ги искористите афирмациите кои се кажуваат ноќта на полна месечина.
Едно нешто што не се препорачува е носење сериозни одлуки на овој ден.
Астролозите истакнуваат дека под влијание на полната месечина сме премногу импулсивни, тешко ги контролираме емоциите и не сме сигурни во нашите одлуки.
Исто така, на овој ден можни се конфликти. Затоа е најдобро да оставите големи потези за следниот ден, а вечерта на полна месечина да ја искористите за релаксација и визуелизација.
Фото: unsplash