Помрачувањето на крвавата Месечина носи промени и хаос за овие 4 хороскопски знаци: Период полн со изненадувања

Барем еднаш месечно сме сведоци на полна месечина, оваа појава ги засилува нашите емоции, сè прави поинтензивно и нè поттикнува да погледнеме подлабоко во себе и подиректно да и се обратиме на околината.

Овој месец, поточно на 8 ноември, нѐ очекува уште помоќна полна месечина. Ќе се совпадне со затемнување на Месечината, а астролозите тврдат дека овој период е секогаш обоен со драматични промени и изненадувања.

Ова е четврто и последно затемнување оваа година, а пристигнува во земниот знак – Бик, а од астролошки аспект тоа значи многу интензивна енергија, многу хаос, пресврти во блиските врски, нарушени планови, но и носи бројни лекции кои мораме да ги совладаме за да може иднината да биде подобра.

Секако, затемнувањето и полната Месечина во Бик ќе влијае на сите знаци на Зодијакот, но најмногу на овие 4: Бик, Лав, Скорпија и Водолија.

Бик

Во овој период, ќе се чувствувате неодоливо - ментално, физички и емоционално. Но, тоа што ќе ви биде многу удобно во сопствената кожа, не значи дека ќе ги избегнете бурните денови. Ве очекуваат големи промени, многу ненадејни и неочекувани, практично револуционерни. Особено е изразена можноста овие промени да се случат во делот на емоциите и партнерството.

Лав

Затемнувањето најмногу ќе влијае на вашата 10-та куќа - куќата на кариерата и имиџот во јавноста, што укажува на значајни промени кои ве очекуваат во однос на вашата кариера, но и признание. Можно е да сфатите дека тоа што досега го правевте не ве води кон повисока цел или пак сте подготвени да се впуштите во поамбициозни проекти, да заземете лидерска позиција или едноставно на било кој начин да се наметнете на работа. Исто така, бидете отворени за нови деловни понуди, а можно е да ви се отворат и нови патишта за дополнителна заработка.

Шкорпија


Следна страна