НА АМЕРИКАНЦИТЕ ИМ СЕ БРЗА: Сакаат со вакцинирање да почнат од ноември

Добивај вести на Viber

САД се подготвуваат за дистрибуција на една или повеќе вакцини веќе од крајот на октомври. Критичарите во ова гледаат политизација на вакцината пред претседателските избори во ноември, јавува Дојче веле.

Центрите за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) побарале од сите американски сојузни држави да се подготват за разделување на потенцијални коронавирус вакцини на најризичните групи луѓе, според документите објавени во медиумите.

„ЦДЦ им достави на сојузните држави на располагање одредени плански мерки, вклучувајќи и евентуално ограничени количини на вакцина во октомври и ноември", изјави портпаролка на ЦДЦ за новинската агенција Ројтерс. 

До 1 ноември дистрибутивните центри мора да бидат целосно подготвени, побарал директорот на ЦДЦ Роберт Редфилд од гувернерите, кој во писмото споменува укинување на административните ограничувања, издавање на дозволи и лиценци. Документите кои ги објави весникот „Њујорк тајмс" споменуваат една или две можни вакцини од редот на најуспешните кандидати на фармацевтските концерни Модерна, АстраЗенека или Пфајцер. 

Експертите одново предупредуваат да не се брза и на пазарот да не се вади потенцијална вакцина без претходни неопходни студии. Регулаторните служби во целиот свет повторуваат дека брзината на развој на вакцини нема да влијае врз сигурноста на вакцината доколку забрзаните резултати резултираат од водење паралелни студии, кои инаку вообичаено се одвиваат едноподруго.

Водечкиот американски виролог д-р Антони Фаучи минатата недела изјави дека е можно на располагање да се стави вакцина за одредени групи и пред завршувањето на клиничките студии, но доколку резултатите бидат дотогаш непобивни.

-Вирусологот д-р Ана Глигиќ открива: КАКО Русите успеаjа вакцината да ја направат толку брзо и дали е безбедна?