Вирусологот д-р Ана Глигиќ открива: КАКО Русите успеаjа вакцината да ја направат толку брзо и дали е безбедна?
Познатата д-р Глигиќ открива детали за руската вакцина.
Најавата дека руската вакцина против коронавирус е развиена, го изненади светот, и додека Русите се горди на нивната „100% ефикасност“, многумина поставуваат прашања за тоа дали вакцината е доволно тестирана и безбедна.
Вирусологот Ана
Глигиќ за српските медиуми рече дека е добро што „убиен“ аденовирус се
користел во вакцината, затоа што во целиот свет има аденовируси кај популацијата и
би било проблематично доколку се користи во жива форма.
Д-р Глигиќ истакна
дека би била вакцинирана со руската вакцина и дека верува дека е добро
тестирана.
„Важно е да се земе репрезентативен примерок, Русите извршија клинички испитувања на 38 лица и тоа е добро, грешките се неизбежни кај илјадници луѓе, па околу 30 проценти од резултатите потоа ќе бидат лажно негативни или позитивни“, рече таа.
На прашањето како Русите реагираа толку брзо, практично најбрзо на светот и ја направија вакцината, д-р Глигиќ одговори дека тоа, на некој начин било „веќе подготвено“.
"Тие работеа на вакцината САРС и кога тој исчезна, тоа беше замрзнат процес. Веројатно имаа сè што е потребно, само требаше да продолжат. За оваа вакцина не е неопходно да се тестира 18 месеци, бидејќи е генетски модифицирана. Вакцини кои имаат жив вирус се тестираат две до три години “, рече таа.
Не е познато колку долго ќе трае имунитетот од вакцината. Русите наведуваат времетраење од две години без писмени докази за истражувањето.
„Не е познато,
бидејќи сè уште не поминало доволно време, но важно е да се запре пандемијата и
да се направи каква било вакцина што дава имунитет. Тие го зедоа аденовирусот,
кој нема да предизвика болест.
"Руските научници се многу добри експерти и вакцината е секако
безбедна", рече таа. Русите сигурно нема да застанат тука, тие веројатно
ќе направат класична вакцина, додава вирусологот Глигиќ.
извор:mondo.rs
Поврзани вести:
Ќерката на Путин прими две дози: Ова е сѐ што досега се знае за првата вакцина против КОВИД-19
(ВИДЕО) Нема да има втор бран коронавирус: Вирусолог д-р Ана Глигич