На децата им требаат граници

На децата  не треба да им се дозволи се. Некои работи, родителите не треба да ги толерираат со цел правилно да ги воспитаат и да создадат зрели личности кога ќе пораснат.

За доброто на децата, некои видови на однесување  не треба да се дозволат, колку и тешко да ви паѓа тоа како одлука.


Ривалитет меѓу браќата и сестрите

Ова однесување треба да се смири на тој начин што на сите деца ќе им овозможите еднаква доза на внимание. Децата имаат потреба од постојани објаснувања дека ги сакате еднакво. Научите ги да се почитуваат меѓусебно, да научат дека некои работи се туѓи. Посебно е важно да се научат на фактот дека секој има своја приватност и таа мора да се почитува.


Лажење

Децата често лажат заради родителската реакција. На пример затоа што скршиле или расипале нешто. Во тој миг, мора да се реагира мирно и разумно. Само така детето ќе добие лекција дека нема ништо страшно, дека секому може да се случи, но дека треба да внимава за да не се повреди. На децата мора да им се објаснува дека лажењето не носи ништо добро во животот. Читајте им приказни на оваа тема и разговарајте заедно. Објаснете убаво дека вистината секогаш се дознава, порано или подоцна.


Себичност

За да го спречите развивањето на себичното однесување, најдобро е додека нешто работите, да му објасните дека имате работа преку глава, па да замолите да ви помогне. Објаснете дека на тој начин побрзо ќе завршите, па потоа ќе имате повеќе време заедно да играте.


Нетрпеливост и викање

Кога децата сакаат да ве прекинат во разговор, не дозволувајте го тоа. Посебно не ако детето упорно вика. Смирено објаснете му дека моментот разговарате. Мора да научи да биде трпеливо и да ги почитува другите