На денешен ден пред 3 години, Зафир Хаџиманов замина во легендите: За неговите дела и филмската љубов со сопругата Сенка уште долго ќе се зборува

Добивај вести на Viber


На денешен ден пред 3 години, како последица од корона вирусот, засекогаш не напушти легендарниот македонски пејач, композитор, актер и поет Зафир Хаџиманов. Загубата на една ваква легенда остави длабока тага во срцата на сите оние кои ги сакаа и почитуваа неговите дела, како кај нас така и ширум светот.

Тој бил еден од основачите на друштвото за македонско-српското пријателство „Шар Планина“ и на здружението на Македонците во Белград, „Македониум“. Поради неговите заслуги за промоцијата на македонската култура во Србија, во 2007 година, тој бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Автор е на две прозни книги и на шест стихозбирки: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Во 1975 година, тој освоил награда на Струшките вечери на поезијата.

Од бројните песни што ги испеал Зафир Хаџиманов, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ а има освоено и голем број награди како на нашите така и на фестивалите надвор од Македонија. Исто така, тој е автор на две музички книги за деца. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци.

Хаџиманов зад себе остави трајно богатство и нешто што ќе трае засекогаш, а покрај музиката, приватниот живот беше исто толку интересен за јавноста.

Љубовта меѓу Зафир и Сенка беше убава како и музиката што тие ја создадоа, затоа што во се гледаа убавина и ја ширеа понатаму. Нивната љубовна приказна која траеше цели 5 децении и денес се прераскажува. Таа е симбол за едно време и една љубов која е вистинска реткост, а само најсреќните имаат чест да ја почувствуваат и живеат.

Фото:facebook