На денешен ден, пред 6 години, легендарниот актер Ванчо Петрушевски трагично го загуби животот
На 25 август 2018 година, легендарниот актер Ванчо Петрушевски почина од струен удар на 67 возраст. Кобниот ден тој работел во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево.
„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче …“, објави тогаш директорот на Драмскиот театар Сашо Тасевски.
„Кога ќе отиде глумец од моето детство, како да си оди дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но, кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек … нека ти е лесен патот кон светлината Ванчо …“ напиша Рубенс Муратовски.
Доајенот на Драмскиот театар е роден во Скопје. По завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во 1975-тата се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Учествувал во голем број радио и драмски проекти, телевизиски драми, серии. Најмногу е познат по своите улоги во серијалот Македонски народни приказни како и радио драмата Хихирику.
Во 2016-тата ја доби државната награда „11 октомври“ за остварување во областа на уметноста и културата.
Фото:Facebook