„На денешен ден се роди моето прво чедо, мојата радост и гордост“: Адријана Алачки емотивна за роденденот на ќерката Грациела

Добивај вести на Viber

Грациела, ќерката на познатата пејачка и водителка Адријана и хармоникашот Горан Алачки, прослави 35 години.

Горан објави заедничка ретро фотографија со ќерка си и напиша: „Знае да има и емоции... Среќен роденден Грациела“.

Додека нејзината мајка, Адријана и посвети пасоц со емотивни зборови и објави неколку заеднички фотографии.

„Денешниот ден е многу значаен во мојот живот, на денешен ден се роди моето прво чедо, мојата радост, гордост, мојата причина за живот, мојата Граци, мојата душа и дамар, мојот здив, мојата мала принцезата сега веќе е мајка,сопруга, жена со вистински вредности..сега таа е мојот учител, мојот пример, мојот идол, скромна, ненаметлива а толку силна...нејзината моќ е токму во нејзината искреност, чесност, спонтаност и емпатија...вистински пример за своето дете. Ти благодарам сонце мајкино што благодарение на тоа што си, одам со крената глава ..со чист и бел образ. Среќа е да се има ќерка како тебе. Биди ми здрава и жива, среќна и уживај во секој миг од животот. Те сака мама“.

Грациела е во брак со хармоникашот Игор Димовски со кој ја имаат ќерката Јана.

Фото: Фејсбук