На десеттата Direct Media Академија, од 28 до 30 мај во Mадленианум, започнува: НОВА ЕРА НА КОМУНИКАЦИЈАТА!
Апликации за early bird пријави до 1-ви мај
Едукативната конференција Direct Media Академија која ќе се одржи од 28 до 30 мај во Mадленианум, Белград Србија ќе ги претстави најновите трендови во индустријата на сите маркетинг професионалци и љубители на медиумите, маркетингот и комуникациите.
Под слоганот "Нова ера на комуникацијата", тридневната обука организирана од DIRECT MEDIA United Solutions, ќе се презентираат теми од областа на технологијата, медиумите и иновативниот менаџмент во ренесансата на комуникациите.
На двата модула, преку предавања и интерактивни работилници, со врвни регионални предавачи и гости од странство, учесниците ќе имаат прилика да научат да работат на конкретни алатки и да изготвуваат стратегии за успешно комуницирање во новата ера.
Два модули: Медиуми и брендирање
Модулот "Новиот медијски свет", предводен од директорката за податоци и комуникации на DIRECT MEDIA United Solutions, Марија Матиќ, ќе одговара на прашањата за иднината на телевизијата, дигиталните, социјалните мрежи и улогата на податоците во комуникацијата.
Модулот "Нов брендинг - Хокус покус" ќе го води Митја Тушкеј, стратегот од Асканиус Медиа Словенија, афилијација на DIRECT MEDIA United Solutions. Митја ќе го претстави новиот концепт на брендингот и ќе им даде на учесниците алатки за транзиција во иновативните брендинг стратегии.
Само за учесниците на двата модула, еден од најдобрите тренери во светот, Равид Куперберг од Агенцијата Mindscapes од Израел, ќе одржи четиричасовна работилница на тема "Откривање на кодексите на креативноста и иновативноста" или "Како да се дешифрира креативното и иновативното". На работилницата учениците ќе научат да ги дешифрираат кодовите зад најкреативните и најуспешните кампањи и како да го применат ова знаење во нивното работење и на нивните брендови.
Фестивалски ден исполнет со светски имиња
Во ерата на поврзаност, Фестивалскиот ден на Академијата, кој ќе се одржи на 30ти мај, резервиран е за низа предавања на светски и регионални експерти од индустријата на адвертајзингот и од други тесно поврзани дејности.
Покрај Равид Куперберг кој ќе го одржи предавањето „The Story of StoryTeching„ или „Како иновативната технологија се пренесува во ефективно раскажување„ публиката на Фестивалскиот ден ќе има можност да слушне и директно од прославениот уметник Драган Бјелогрлиќ на тема каде се наоѓаме на мапата на светската продукција и иновациите на полето на филмската уметност. Срѓан Ѓурѓевиќ, директор на R&D тимот на United Група ќе објасни како модерната технологија – машинско учење и вештачка интелегенција – се користи во обработка на ТВ содржината, а Владимир Вујиќ, коосновач Digitalizuj.me и Spark.me ќе зборува за новите модели на менаџментот и дигитално трансформираните компании.
Рокот за рана пријава е до 1 Мај на сајтот www.directmediacademy.com. Студентите имаат посебен попуст, а приходот од котизациите ќе биде уплатен во хуманитарни цели. Приходот од Direct Media Академијата во 2018 година беше дониран во NURDOR.
Овогодинешната Direct Media Академија е посветена на одбележувањето на 500 години од смртта на симболот на ренесансната ера, сестраниот гениј и визионер – Леонардо Да Винчи.
Влезете во новата ера на комуникацијата!
Пријавете се на www.directmediacademy.com