На еден оброк јадела колку за шестмина: Имала 170 килограми, сега е непрепознатлива

Добивај вести на Viber

Клер Бурт од Нов Зеланд имала 150 килограми во март минатата година, а потоа решила да направи операција на желудникот и ослабела 80 килограми.

Како што раскажала, јадела толку многу што еден од нејзините оброци бил доволен за шестчлено семејство.

- Тие 150 килограми не се ништо - шест недели пред тоа тежев 170 килограми. Бев очајна и целосно отсечена од светот. Ја испробав секоја диета, секој лек, сè што видов и ништо не ми помогна - вели таа, додавајќи дека 10 години се обидувала да ослабне на различни начини.

- Да не имав шанса да одам на операција за намалување на стомакот, со прејадување ќе се однесев сама себе до гроб, јас сум целосно убедена во тоа - вели таа.


- Само што се разбудив по операцијата, мојот мозок беше целосно смирен, не размислував за храна. Како да знаеше и тој дека направивме нешто што ќе ги промени нашите животи - рече Клер.

Ослабела вкупно 80 килограми, а 80% од стомакот и бил изваден.

- Порано јадев 10 плескавици, две порции помфрит, две бурита и газиран пијалок за еден оброк. Потоа ќе изедев две големи пици и многу сок потоа. Се разбира, има и слатки. Јас потрошив само огромни суми пари на храна. На крајот, не можев повеќе да ги облечам ниту гаќичките. Паднав во депресија и повеќе не излегов од куќата. Сега живеам сосема поинаков живот и таа операција е најдоброто нешто што го направив за себе - рекла Клер.

Извор: информер.рс