Ја вратив формата која ја имав пред 20 години: Скопјанката Билјана за Женски магазин открива како ослабела 34 килограми
Билјана Костадинова од Скопје има 39 години и од кога знае за себе има проблем со вишокот на килограми. Диетите кои ги применувала во текот на животот не и донеле резултат и повеќето од нив биле со јојо ефект. Режимот кој го почнала во екот на пандемијата и помогнал да ослабне 30 килограми . Нејзината приказна е навистина инспиративна а таа вели дека сега е пресреќна што ја вратила формата на нејзиното тело исто како пред 20 години. За Женски магазин, Билјана искрено зборува за предвизвикот во кој и помогнал нутриционистот и фитнес тренер Ивица Јанев.
-Седевме дома кога решив дека е време да превземам нешто во врска со себе. Да се погрижам зa мојот изглед а воедно и подобрување на моето здравје. Кога започнав со програмата на нутриционистот Ивица Јанев за 6 месеци успеав да изгубам 30кг и истите да ги задржам. Ја постигнав целта која ја имавме зацртано на самиот старт дури и повеќе од тоа, низ смеа ни раскажува Скопјанката Билјана.
Преку социјалните мрежи дознава за Ивица, нутриционистот, тренер, но и Балкански Шампион во бодибилдинг .
“За Ице дознав преку социјалните мрежи, во овој случај преку неговиот инстаграм профил. Случајно видов некоја негова трансформација од клиент и го отворив профилот да проверам дали е личност од нашите простори. Кога се уверив дека е човек кој во моментот живее и работи во Mакедонија и сите трансформации што ги има постирано се реални, го инсконтактирав со порака. Пишав дека би сакала да знам нешто повеќе за програмата и режимот со кој тој работи со своите клиенти.
По првиот телефонски разговор со Ице знаев дека тоа е тоа што во моментот го барам. Во истиот момент сфатив дека разговарам со човек кој што има огромно познавање и искуство во областа на фитнесот и нутриционизмот.
Имаше одговор буквално на секое мое прашање и решение на секој мој проблем Во моментот имав и повреда на лигамент на колено, кога му го спомнав тој мој проблем, Ице имаше постручни и по обемни одговори од сите доктори кои ги имав посетено тој период. За почеток го добив режимот на исхрана и вежбање, персонализиран според моите можности во тој период“, ја открива Костадинова тајната со која успеала да ја доведе формата во минус 34 килограми .
„На почетокот бев скептик, не верував дека е можно да
има добри резултати и голем успех доколку ангажирам онлајн тренер но си
реков, до сега сѐ имаш пробано ја знаеш
секоја диета и режим на исхрана и покрај се не можеш да успееш сама.
Вредеше да се обидам и на овој начин, да го променам мојот начин на живот да ги променам лошите навики со помош од лицето на кое му дозволувате да ве води и мотивира во мојот случај тоа е Ивица Јанев“, додава нашата соговорничка.
Истрајна до крај
-На почетокот бев многу мотивирана и успеав да бидам истрајна до самиот крај. На секое мое прашање "Ице може ли ова" ? Одговорот беше НЕ (се смее) . Но затоа имаше „Види вака, ова може..“ На секој мој проблем во тоа време имаше одговор зашто, кога и како. На Ице му се јавував секогаш кога ми требаше совет или поддршка . На тој начин успеав да ги пребродам малите кризи кои се нормални на секој старт-истакнува Билјана.
Билјана брзо се навикнала на режимот, кој станал подоцна нејзина животна навика. Вели дека научила како се комбинира храната, која храна во кој период од денот се јаде кои намирници треба да ги внесеме во дневното мени а кои треба да ги одбегнуваме или исклучиме.
„Во денот се јаде 4 пати и со тоа немав време да бидам гладна или да мислам на храната која дотогаш сум ја конзумирала. Храната која ја внесувам е богата со протеини, здрави масти, намален внес на јаглехидрати и шеќери, притоа зголемен внес на витамини и минерали. Исто така што е подеднакво важно доволни количини на вода се внесуваат во текот на денот. Голем дел од храната која ја јадев и претходно беше присутна на менито но подготвена и искомбинирана на поинаков, здрав начин“, вели Билјана.
Блиски и пријатели не ја препознаваат на улица
Скопјанката, искрено ни открива дека од почетокот на нејзиното патешествие поминало скоро една година. Вели дека е полесна за 34 килограми и се чувствува прекрасно.
„Пред 6 месеци ја вратив формата која ја имав бувално пред 20 години и еве последиве 6 месеци истата и ја одржувам. Многу пријатели кога ќе ме видат на улица не ме препознаваат а тие што ќе ме препознаат прво ме прашуваат:
„Па добро, како успеа ?“ - Нормално мојот одговор е Ивица Јанев! Имам повеќе случки каде и многу блиски роднини и пријатели кои иако ме гледаат често, во момент ако ме чекаат во кафуле не ме препознаваат во првиот момент. Тоа е затоа што секојдневно има промени на моето тело, секако на подобро.
Здравствени контоли правам редовно. Имам значително подобрување на крвната слика и видливи промени на косата, кожата и ноктите. Кога матичниот доктор ми ги прочита резултатите ми рече што и да си јадела само продолжи така.Толку се навикнав на овој режим што тој прерасна во моја животна навика“, додава Костатинова.
На почеток тренирала дома а потоа со вежби продолжила во теретана
„Вежбите не ми беа тешки да ги изведувам со тоа што и претходно имав долгогодишно искуство во теретана. Но, секако и вежбите како и режимот на исхрана се персонализирани според можностите и потребите на секој клиент“;, ни открива меѓу другото Билјана.
-Мојот совет за сите оние кои имаат проблеми со вишок на
килограми а со тоа и ризик од здравствени проблеми е да превземат нешто во
најбрзо време. Доколку имаат потреба од стручна помош и безрезервна поддршка и
мотивација, секако би ги советувала да го побараат Ице.
Нема да погрешат. За мене тоа е најдобрата инвестиција која сум на направила лично за мене, првенствено за подобрување на моето здравје, мојата физичка форма а со тоа и насмевката, секојдневното задоволство и позитивна енергија се неизбежни-вели оваа девојка..
Нејзина цел, вели дека е да биде успешна во она што го работи. Да биде истрајна и да се бори до крај обидувајки се да ја постиге зацртаната цел на било кое поле.
„Добивајки ја оваа битка со вишокот на килограми која во многу случаи е и психолошка битка ми дава кураж и храброст да чекорам храбро во животот обидувајќи се да ги поминам сите препреки. Освен вежбањето, пешачењето во природа, моја љубов се и латино танците. Позитивната енергија е флуидот кој ме води низ годините и гледам да сум опкружена со луѓе кои го сакаат животот и секој ден ми го прават поубав“, вели за крај Билјана од Скопје.
Ирена Ставрова
(Фото: Приватна архива Билјана Костадинова
Сите права се задржани)