На Инстаграм изгледа како милион долари, а во живо како кошмар - девојка го предизвика гневот на мажите поради фотографии: „Ова е за затвор!“
Живееме во време кога веќе не можеме да им веруваме на своите очи,
бидејќи луѓето се склони кон разни малверзации за барем за момент во
виртуелниот свет да привлечат грам нечие внимание. Фотографиите и видеата на
кои тие прво позираат минуваат низ филтри за разубавување и детални проверки, а
некои одат дури дотаму што изгледаат сосема поинаку во живо и на фотографии.
Така, на социјалната мрежа Инстаграм е објавено видео на кое се гледа како момче снима телефон на кои има фотографии од згодна девојка, а кога ја крева камерата за да покаже како таа всушност изгледа, следува шок.
„Веднаш ни е јасно дека девојката носи перики, односно дека е ќелава, дека нема ни веѓи и дека се шминка за да го постигне посакуваниот изглед.
Очекувано видеото предизвика лавина коментари.
„Ова е буквално за затвор“, „Се плашам од жени поради ваквото однесување“, „Ај потоа најди девојка на Инстаграм“, „Еве зошто носам девојка на базен на првиот состанок“, „Ова треба да биде незаконски“, напишаа во коментарите.
Инаку, девојката од видеото е многу популарна на мрежите, а на Инстаграм ја следат речиси половина милион луѓе. Таа беше и Мис на Тајланд во 2023 година и редовно објавува снимки и фотографии без шминка, како и обработени на кои е облечена од глава до пети.
Фото: Инстаграм