На иста маса со Шекил О'Нил: Прилепчанката Оливера позира со славниот кошаркар (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Прилепчанката беше една од најзгодните пејачки на естрадата, денес дефинитивно го живее својот американски сон, а се фотографираше со легендата Шекил О'Нил

Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.

Таа повеќе од 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а има и американско државјанство.

Токму таму на натпревар на „Лејкерс“ Оливера имаше можност да се подружи со легендарниот светски познат кошаркар Шекил О'Нил, со кого објави и две „селфи“ фотографии.