На концертот во Крушево: И небото заплака на звуците на „Тајно моја“
На 5 октомври 2007 година Тоше Проески одржа концерт на Градски стадион, кој денес го носи неговото име. Никој не претпоставуваше дека тоа ќе биде и последна концертна средба со неговите фанови.
Традицијата ја продолжи Спомен куќата ,, Тодор Проески,,. На овој ден трета година се одржува концерт насловен,, Со љубов за Тоше,, во Крушево.
Лефкија Гаџовска, директорка на објектот потенцира дека делото што го остави Тоше е бесценето
- Тој не беше само наша музичка звезда, туку многу повеќе од тоа.Идол на многу млади изведувачи, но и на докажаните кои настапија на синоќешниот концерт. Пееја со љубов негови хитови, без материјална надокнада. Не потсетија на времето кога певме заедно со него. И небото заплака за момент, кога се изведуваше нумерата ,,Тајно моја,,. Освен докажаните артисти, на сцената се појавија младите музички надежи Кирана од Прилеп и Ребека од Крушево која ја пееше омилената влашка песна на Тоше ,,Ожалостена невеста,, - открива Гаџовска.
На настанот пееја: Ламбе Алабаковски, Антонија Гиговска,„Некст Тајм“, Мартинијан Кириловски, Немања Радошевиќ, Анџела Нинковиќ, „ Инвиктус Бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски, Кирана Иваноска и Ребека Јанкоска. Водителки беа Ирена Спировска и Надица Стојковска.
Специјално за овој допатуваа почитувачи на Тоше и негови фанови од повеќе балкански земји.
Денеска сите изведувачи оддадоа почит на вечното почивалиште на Тоше.
С.А.Н