„На никој не му е до пеење“: И Сека Алексиќ ги откажа настапите поради трагедиите во Србија

Добивај вести на Viber

Србија во последните два дена ја тресат страшни злосторства. Прво, тринаесетгодишниот К.К. во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар ги уби чуварот и осум ученици, додека уште неколкумина заедно со наставничката се во болница. По ова синоќа сите останаа шокирани од веста дека напаѓач во Младеновац уби осум лица, а рани 14 од нив.

Сето тоа длабоко потресе бројни јавни личности, а пејачите масовно ги откажуваат настапите.

Една од нив е и Сека Алексиќ, која на социјалните мрежи ги информираше своите фанови за одложувањето на настапите.

-Драги мои, сега сите сме расположени за песна. Најпрво би сакал да изразам најдлабоко и најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Има моменти кога треба да биде тивко, да застане и моенти кога ни треба само молитвата, изјави пејачката.

-Господ да им даде сила на оние кои ги загубија своите најблиски. Нека патуваат со ангелите и Господ нека им подари рајска населба. Настапот во Будва ќе биде откажан“, рече Сека.

Инаку сите пејачи од Србија кои имаа закажано настапи, истите ги откажаа овие неколку денови, поради тоа што е прогласнеа ден на жалост за починатите.


Фото:Screenshot/nowashow