На ова се чекаше со месеци: Модата на црвениот тепих на 77. Венецијански филмски фестивал

Добивај вести на Viber

Меѓународниот филмски фестивал беше отворен синоќа во еден од најубавите градови во светот, Венеција, собирајќи ги најголемите филмски имиња на едно место, а дамите успеаја, во знак на новата нормалност, да ги вметнат заштитните маски како дел од нивното модно издание.

Венеција е познат по многуте прекари - Невестата на морето, Кралицата на Јадранот, Ла Серенисима, Градот на мостови, а еден од нив е Градот на маските, што несомнено е соодветен на овогодинешното издание на фестивалот.

Пандемијата на коронавирус донесе нови правила на однесување и мерки на претпазливост на црвениот тепих, па некои од гостите, како Кејт Бланшет, Тилда Свинтон и Роберта Армани, носеа заштитни маски, од класични хируршки до гламурозни маски украсени со накит.

Сепак, како и секогаш кога станува збор за фестивалот во Венеција, и оваа година, филмовите и стилот се во преден план!
Што и кој се' беше забележан на црвениот тепих на првата вечер на фестивалот, погледнете во галеријата: