На пат уште едно бебе: Алпинистката Ирина Дишо бремена по втор пат

Добивај вести на Viber

Алпинистката Ирина Дишо, сопругата на пејачот Павле Камиловски сподели убава вест

Имено, на својот Инстаграм профил откри дека го очекува своето второ бебе.

Ирина е позната по тоа што во поодмината бременост, кога беше бремена со својот прв наследник Јосиф го искачуваше Водно, но беше и инспирација за многу млади мајки. Бидејќи и откако го доби Јосиф со него, со бебето го искачуваше Водно, но потоа се направи група на мајки со бебиња кои се искачуваа на планината.

Инаку, Јосиф првородениот син на алпинистката на 18 јуни наполни една годинка.



Фото: Инстаграм - Ирина Дишо