На родителите им рекле дека девојчето никогаш нема да прооди, но се случило нешто необјасниво
Лекарите им рекле на родителите на малата Софија дека девојчето веројатно никогаш нема да оди, но по неколку години се случи чудо.
Четиригодишната Софија се разболела уште како бебе од сепса и поминала 102 дена во болница.
Нејзината мајка Клер носела близнаци во утробата. Второто девојче починало веднаш по раѓањето, додека Софија била тешко болна и откако лекарите ѝ го спасиле животот, не и предвидувале убаво детство со сигурен заклучок дека никогаш целосно нема да се опорави.
Работите да бидат уште полоши, како последица на оштетување на мозокот, Софија на двегодишна возраст страдала и од церебрална парализа.
- Нозете на Софија ѝ беа многу вкочанети, па освен што мораше да носи помагала за коски и мускули, мораше секој ден да оди и на физикална терапија. Се обидовме да се опорави детето, но прогнозите на лекарите не беа оптимистички - рекла мајката на Софија, Клер, пренесува Метро. Претходните две години Софија успеала да ги придвижи нозете, а после пандемијата на коронавирус, фокусот на Клер и нејзиниот сопруг Марк било исклучиво насочен на движењата на девојчето и нејзино повторо движење.
И покрај лошите прогнози на докторот, Софија научи да се движи со помош на помагала, а од минатиот декември учи и да скока што многу и се допадна и оттогаш најмногу преферира вакви движења.
- Софија очајно сакаше да скокне, нешто што никогаш досега не можеше да го направи. Работевме на тоа секој ден дома и на крајот на минатата година ѝ успеа. Нашата ќерка е многу среќна, а и јас и мојот сопруг сме секогаш до неа - додала Клер.
Лекарите немаат адекватно објаснување за целосното закрепнување на Софија, а мајката на девојчето тврди дека нејзината мила е „најупорната млада дама која некогаш ја запознала“.
Foto: Sofiastory/Instagram