На родителите од ова им се крева косата на глава, но за децата е ЗДРАВО?!

Чепкањето на носот, „разгледувањето“ на она што ќе го извадат, па дури и ставањето на тој прст во уста е нешто со што веројатно секој родител на мало дете се соочил во животот. И веднаш извикува - што правиш, бљак, престани!

Меѓутоа, експертите велат дека за децата не само што е здраво да го чепкаат носот, туку и потоа да го стават прстот во уста.

Звучи грозно, зарем не? Еве за што станува збор!

Професорот Скот Напер од Универзитетот во Саскачеван вели дека микроорганизмите од носната служница може да му помогнат на детето да изгради имунитет.

Слузта во носот, како што веќе знаеме, задржува разни честички и не дозволува да навлезат понатаму во телото. Помеѓу нив се прашината, поленот и разните микроорганизми. Професорот Напер за „Практично родителство“ вели дека децата што го јадат „изваденото“ од носот градат имунитет.

Изложеноста на микроорганизмите во раното детство често се споменува како начин за зајакнување на имунитетот, но веруваме дека многу родители нема да го применат ова како еден од чекорите на тој пат.

Извор: prva.rs