На славната актерка сопругот ѝ ја пратил оваа потресна порака, па се убил: Открила срцепарателни зборови и причина зошто кренал рака на себе!

Добивај вести на Viber

Пред нешто повеќе од два месеци, на 13 март, сопругот на англиската актерка и реалити ѕвезда Тина Мелоун си го одзеде животот на 42-годишна возраст. Пол Чејс беше 19 години помлад од Тина, а парот беше во брак од 2010 година и ја имаат 11-годишната ќерка Флејм.

Актерката неодамна откри зошто нејзиниот покоен сопруг си го одзел животот, велејќи дека Пол со години имал проблеми со менталното здравје и страдал од посттрауматско стресно растројство поради неговата воена кариера, која вклучувала воена служба во Белизе, Ирак, Авганистан и Фолкландските Острови.

Тина Мелоун додала дека поминала „нормален ден“ со својот сопруг пред тој да се самоубие. Открила и дека таа кобна ноќ ги добила СМС пораките на Пол, но само неколку часа откако тој ги испратил.

„Неговите последни пораки беа испратени околу 4 часот наутро, но имам стар телефон и не стигнаа веднаш. Кога конечно пристигнаа, полицијата веќе беше кај мене дома и ми кажаа дека повеќе го нема“, изјавила оваа 61- годишна за „Мирор“.

Актерката ја откри и потресната порака што ѝ ја испратил сопругот таа вечер: „Жал ми е што те оставив, ми го разубавуваше животот секој пат кога ќе те видев. Извини. Тина, те молам прости ми еден ден ќе се видиме пак , кога ќе се преселиш овде, те сакам и ќе те посетам кога ќе најдам начин, извини љубов моја, ти беше таа што ми го направи животот совршен. Ќе дојдам да те посетам и тебе и Флејм, прости ми.

„Пол не можел да најде излез“

Познатата Англичанка истакна дека на Чејс му бил дијагностициран ПТСН пред три години и дека верува дека до тоа дошло затоа што „бил сведок на ужасите на војната“. Таа сега ја основа добротворната фондација „Paul’s Flame“ која им помага на луѓето во криза.

„Кога ќе се опијанеше, ќе галамеше за деновите во војска, јас ќе му речев: „Имаш депресија, имаш проблеми поради тоа што си го видел“.

Ќе го игнорираше тоа и ќе ми одговореше: „Како ќе добијам работа ако е така?“. Но, ова е човек кој и служел на својата земја и спасил животи. На крајот призна дека има проблем, но работите отидоа предалеку. Не можеше да најде излез“, искрена била Мелоун.


Извор: zena.blic.rs