На зајдисонце: Ракометарот Филип Талески ѝ приреди романтично крстарење на сопругата

Добивај вести на Viber

Ракометарот Филип Талески и неговата сопруга Ема уживаат во романтична прошетка на брод во Лисабон.

За прошетката на вода парот обрал лесна летна модна комбинација. Бела кошула за ракометарот, додека неговата сопруга одбрала бело-тексас здолниште во комбинација со нежно розева боја на маичка на едно рамо.

Ракометарот со семејството неодамна беше на летување на Палма Де Мајорка, од каде споделуваше фотографии од заедничките бесценети моменти поминати со ќерките Мариа и Софиа.

Инаку левиот бек на ракометната репрезентација на Македонија Талески веќе извесно време живее во Португалија, откако потпиша договор со ракометниот клуб Бенфика.

Фото: Инстаграм
РЖМ