„Некои драгоцени моменти“: Ракометарот Филип Талески со семејството на Палма Де Мајорка

Добивај вести на Viber

Ракометарот Филип Талески со семејството замина на заслужен одмор. Овој пат како дестинација го одбрале островот Палма Де Мајорка.

„Некои драгоцени моменти“, напиша неговата сопруга Ена на фотографиите.

Од приложеното може да се забележи дека семејството ужива во убавините кои ги нуди Мајорка.

Најголемо уживање за Софиа и Мариа кои уживаат на плажа, во песокот, но во базен заедно со мама и тато.

Со семејните прошетки по уникатните сокаци како и разгледување на архитектурата, семејството Талески создава спомени.

Левиот бек на ракометната репрезентација на Македонија, Талески живее во Португалија, откако потпиша договор со ракометниот клуб Бенфика.

Фото: Инстаграм