Надица и Марија Панчеви за својот татко Дарко: Уживаме во секој момент, постојано не смее

Дарко Панчев на синоќешната промоција на документарецот „Патот на Кобра до ѕвездите“, најголемата поддршка ја имаше од сопругата Маја и ќерките Надица и Марија. Трите грации, за кои легендарниот фудбалер честопати истакнува дека се негово најголемо богатство, освојуваа со својата убавина. 

Надица (23) заврши Англиски јазик и книжевност и сега е на мастер студии. Истовремено е и вонреден студент на   Германска книжевност. Марија е средношколка, а на 10 мај ќе го прослави полнолетството.  

-Ние се уште не сме свесни кој е нашиот татко и никогаш во животот не сме се величеле со тоа. Сите работи сме ги гледале сосема нормално. Но, имало многумина кои нѐ гледале со други очи поради него и неговата слава. Сепак тоа не ни пречело, бидејќи го цениме тоа што го имаме и никогаш не сме сакале да се чувствуваме и да бидеме поразлични од другите. Можеме и двете да кажеме дека не постои поинтересен татко од Дарко.Уживаме во секој момент којшто го поминуваме со него.Нема ден кој не го поминуваме во смеа. Доживотно ќе му бидеме благодарни на неговата посветеност кон нас – велат тие. 


С.А.Н

Фото Вангел Тануровски