Најбараните боенки ова лето: Бојте и учете стихови за зеленчукот и овошјето

Просветно дело и овој пат изненадува со две нови БОЕНКИ: ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ за нашите најмали читатели

Две нови, прекрасни изданија од издавачката куќа Просветно дело, наменети за деца на возраст од 4 до 7 години. 

Концептот е извонреден: на 26 страници и на А4 формат опфатени се вкупно 26 плодови. Секој плод е претставен со римувани стихови од Стојан Тарапуза, кои се толку звучни и забавни што децата многу брзо можат да ги научат наизуст. Под стиховите има впечатливи цртежи и фотографии од плодовите, така што децата лесно можат да научат да ги распознаваат и плодовите и самата билка.

Забавниот дел е осмислен со нацртани контури на плодовите, на доволно голема површина, така што децата, гледајќи ја претходната страница со цртежот или фотографијата, лесно ќе се ориентираат при боењето на плодовите. 

Доколку детето сака само да комбинира бои, секако дека ја има и таа можност! Да си биде свое и креативно, но и да бои според своја замисла, па макар таа и да отстапува од реалната!

Овие БОЕНКИ детето може да ги користи самостојно или во група.

Дечиња, уживајте учејќи и забавувајќи се со овие две нови изданија. Ќе ве воодушеват, ви гарантираме!