Најбогатата пејачка на светот откри повеќе отколку што сакаше: Ријана се подготвува за големи чекори

Бидејќи си го осигура првото место на најбогата пејачка на светот, Ријана реши дека покрај својата свежа бизнис кариера да вплива и во водите на кинематографијата, во најновото интревју таа разговараше со актерката Сара Полсон, колешка од снимањето на филмот „Ocean's 8“. Од овој разговор излегоа многу неверојатни информации, кои обожавателите на Ријана едвај ги дочекаа.

Поминаа три години откако го издаде последниот албум, така да пејачката искористи момент за да се оправда со изјавата: „Некогаш бев во студио и само во студио, по три месеци без паузи, па дури потоа ќе го издадев новиот албум. Сега животот ми е како рингишпил. Еден ден се занимавам со мода, друг ден со долна облека, следниот ден со козметика, па дури потоа со музика. Како да имам повеќе деца и за секое морам подеднакво да се грижам.“

Кога сме веќе кај децата, Ријана веднаш рече: „Повеќе од се на светот, сакам да сум мајка.“, додека на прашањето за бракот, таа низ смеа одговори: „Само Бог знае. Ние планираме, а Бог ни се смее.“

Секако, за да биде во брак и да има деца, пејачката мора прво да си најде момче, а кога колешката Сара ја праша со кој е во врска, одговорот на Ријана беше единствен: „Гуглај!“.