Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Добивај вести на Viber

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеењеили едноставно сакате промена и свежина во домот.

Реновирањето на вашиот дом со одреден буџет бара внимателно планирање и паметни одлуки. Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го реновирате домот без да потрошите многу пари.

Поставете буџет - Одредете колку можете да си дозволите да потрошите за вашиот проект за реновирање. Ова ќе ви помогне да ги поставите приоритетите на вашите трошоци и да избегнете прекумерно трошење.

Планирајте однапред - Направете детален план за вашето реновирање, вклучувајќи ги специфичните промени што сакате да ги направите и потребните материјали. Јасната визија ќе ги спречи непотребните трошоци и ќе ги намали шансите за скапи грешки.

Работете сами каде што е тоа можно - Размислете за преземање задачи што можете да ги завршите сами, со цел да заштедите пари на работна сила. Сепак, бидете реални за вашите вештини и обидете се само со проекти за кои сте уверени дека ќе ги завршите.

Фокусирајте се на исплатливи подобрувања – Ставете приоритет и на деловите од вашиот дом на кои им треба најмногу внимание и фокусирајте се на исплатливи подобрувања. На пример, бојадисување ѕидови, нов мебел или модерните детали може да имаат значително влијание во постигнување на целта без да потрошите многу пари.

Споредете ги цените - Одвојте време да ги споредите цените и да ги побарате најдобрите понуди за купување. Побарајте попусти, распродажби, па дури и размислете за купување користени или обновени предмети ако се во добра состојба.

Пренаменете и рециклирајте - Бидете креативни со пренамената на предметите што веќе ги имате. На пример, можете да го обновите стариот мебел или да користите обновено дрво за нови проекти.

Поволен извор на финансии – Доколку ви е потребен дополнителен извор на финансиски средства, пожелно е да разгледате повеќе различни опции, и секако да ги земете предвид факторите како што се каматните стапки, условите за отплата и вашата способност за навремени плаќања.

Потрошувачкиот кредит соживотно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк АД Скопје е одличен избор за дополнителен извор на финансиски средства со фиксна каматна стапка од 6,2% за првите две години, максимален износ до 1.500.000 денари и рок до 120 месеци.

Овој тип на кредит обезбедува дополнителен вид на сигурност за кредитобарателите и нивното семејство во поглед на отплата на кредитот.

Провизијата за обработка е 0%, а во случај на негова предвремена отплата, не се наплатува провизија.Новиот потрошувачки кредите идеален за финансирање на најразлични потреби, меѓу кои и реновирање на домот, но може да биде добредојден и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може да се добие изначителнонамалување на месечните рати.


*Пр објава