Најдоброто од Тамара Тодевска: Готска кралица на Хераклеа во величествен фустан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:@martintrajanovski 

Откако ја доведе фигурата до совршенство и се врати во ново руво на музичката сцена со нова песна, Тамара Тодевска не престанува да воодушевува.

Летово за пејачката беше одбележано со настапи, а на секој од нив се појавуваше во ексклузивни изданија во какви што досега ретко сме ја гледале.

Еден од тие настапи беше и оној на античкиот локалитет Хераклеа-Битола, на почетокот на месецов каде пејачката заблеска во уникатен дизајн од MarkovStyle зад кој стои македонскиот дизајнер Игор Марков. 


Сега пак, таа објави повеќе фотки од нејзиниот изглед за таа вечер и, мораме да кажеме дека се најдоброто нешто што сме го виделе од Тамара.
И апсолутно сме согласни со описот кој сама си го даде - готска кралица на Хераклеа!