Наједноставниот рецепт за таан: Исклучително здрав намаз од сусам за кој се потребни 2 состојки и 10 минути

Добивај вести на Viber

Тахини или таан по овој рецепт се прави многу лесно, а потребни ви се само две состојки.

Тахини е паста или сос од сусам. Фантастичната работа кај таанот е тоа што за да го направите потребни ви се само две состојки. Покрај изобилството на железо, бакар, магнезиум, витамин Е, витамин Б1, калциум, содржи и сесамин, кој е одреден вид фитоестроген со антиоксидантни и антиканцерогени својства.

Состојки:

300 гр сусам

50 ml маслиново масло (може да се користи и масло од сусам)

Подготовка:

Испечете го сусамот во тава на тивок оган додека не порумени. Потоа ставете го во блендер или сецко со појаки ножеви и измелете го колку што е можно повеќе. Потоа постепено додавајте го маслото и цело време блендирајте додека не добиете мазна смеса. Ако сакате, можете да додадете малку сол, но без неа ќе има неутрален вкус, па полесно се комбинира во слатките јадења. Истурете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер, а пред секоја употреба убаво измешајте го.

извор:stil.kurir