Актуелно // Insta вести
Најемотивната фотографија: Новак Ѓоковиќ плаче во прегратките на ќерката Тара откако освои олимписко злато
- 04 Август, 2024
Со срце со големина на Хималаите, вака српските медиуми го опишуваат тенисерот Новак Ѓоковиќ кој го освои златото на Олимписките игри, тоа успеа без загубен сет совладувајќи го во финалето Карлос Алкараз со 2:0 (7:6, 7:6).
Емоциите сменија се, Новак плачеше, неговото семејство плачеше, сите плачеа...
А во неговата ложа имаше неколку неверојатни сцени, кога Ѓоковиќ налета на најблиските и ги прегрна, а потоа заплака.
Посебно емотивна сцена беше онаа кога Новак Ѓоковиќ ја прегрна ќерка си Тара и плачеше.
Фото: ПринтскринИзвор:Telegraf.rs