Најголемиот алфа маж во Холивуд има нова девојка: Таа од Момоа е помлада 12 години, а парот официјално ја потврди врската

Добивај вести на Viber

Џејсон Момоа, еден од најпосакуваните мажи на светот, има нова девојка! Актерот потврди дека е во врска со колешката Адриа Архон, споделувајќи романтични фотографии со својата избраничка од Јапонија на Инстаграм.

Новопечената двојка ужива во патувањето низ азиската земја, а на социјалните мрежи споделија некои детали од оваа авантура. На една од фотографиите Џејсон Момоа ја прегрнува насмеаната Адриа додека вечераат со пријателите, а на друга парот е насмеан и опуштен покрај морето.

View this post on Instagram

A post shared by Globovisión (@globovision)



Згодниот 44-годишник во описот на фотографиите ја нарече убавата бринета „љубов моја“ велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

Да потсетиме дека холивудскиот актер неодамна призна дека е во врска за време на настап на собир на комичари. Имено, тие го прашале дали моментално е сингл, на што тој одговорил: „А како сум во врска. Многу брзо ќе дознаете. Во врска сум веќе некое време“.

Да потсетиме, Момоа зад себе го има бракот со актерката Лиза Бонет, со која има две деца, но парот ја прекина врската во 2022 година, а оваа година официјално се разведоа. После тоа немаше јавна девојка, иако се знае дека извесен период се гледаше со колешката Еиза Гонзалес, која, патем, неверојатно наликува на Адриа.

Адриа исто така беше мажена. Таа стапи во брак со порториканско-американскиот адвокат Едгардо Каналес во 2019 година, а не е познато кога парот се развел, бидејќи со години ја чуваа својата врска подалеку од очите на јавноста.

Атрактивната Порториканка има 32 години и се повеќе се прославува во Холивуд, а некои од нејзините најзабележителни улоги се во филмовите „Татко на невестата“, „Хит“, „Морбиус“ и серијата „Андор“ .