Најморбидната хорор приказна од поранешните Ју простори: Од најубава жена во селото станала монструм поради тоа што не можела да има деца

Приказната на Шефка е една од најморбидните кои се случиле во поранешна Југославија. Медиумите во тоа време посветиле големо внимание на овој случај, не постоел весник кој секојдневно не пишувал за „најмонструозното злосторство на сите времиња“.

За Шефка се зборувало и прераскажувало со години, ја викаа „Жена чудовиште“, а денес оваа приказна е полна со контрадикторности и недоследности...

Имено, Шефика Хоџиќ се вели дека била најубавата жена во околината каде што живеела. Висока, со полни усни, бел тен и црна коса, таа живеела сосема нормален и обичен живот чија среќа ја нарушил само еден факт - таа никогаш не можела да забремени и да има дете.

И токму тој факт, во селото каде сè уште владееле старите обичаи според кои било грев ако жената не може да роди, бил и почетокот на приказната за едно од најмонструозните злосторства во поранешна Југославија.

Монструозен злочин кој до денес никој не може да го објасни

Според општо прифатената верзија, на 7 октомври 1969 година, недалеку од Јусиќ, на потокот Камењача во Босна, Шефка Хоџиќ ја чекала својата пријателка Алија Хасановиќ, која се враќала од соседното село Анѓелиќи, ја убила со три истрели од пиштол, со нож и го отворила стомакот и го извадила детето. Телото на Алија го сокрила во нива под стог сено. Го однела бебето дома, но тоа не преживеало.

Кога било откриено телото на Алија, полицијата не знаела каде да оди. Едноставно, никому не му било јасно кој и зошто, можел да направи такво кривично дело. На вистинската трага укажал патологот Милан Вушиќ, кој претпоставил дека делото го извршила неплодна жена која сакала дете.

- Дете од утробата на мајката може да киднапира само некој кој премногу го сака и не може да го има. Треба да барате жена која има дете, а не го родила – рече тој.

Вака насочена, полицијата ги проверила сите жени од тој крај кои се породиле тој ден и открила дека Шефка веќе го пријавила раѓањето и смртта на нејзината ќерка. Гинеколошкиот преглед, пак, покажа дека Шефка никогаш не родила дете, ниту пак била бремена.

Тогаш Шефка признала се, освен дека ја убила Алија. Дури и кога во нејзината куќа биле пронајдени дукати и прстени на починатата и крвав нож, таа се задржала на својата невиност.

Судењето на Шефка и Авдија Хоџиќ, нејзиниот зет, кој бил обвинет како соучесник затоа што Шефика му дала пиштол да се сокрие, се одржало пред Окружниот суд во Тузла, во вжештена атмосфера, бидејќи многумина го следеле судењето и сакале таа да биде погубена.

Првиот бранител на Шефика бил познатиот белградски адвокат Том Фило. Тој на крајот го напуштил нејзиниот случај поради конфликт на интереси, но бил и адвокат на нејзиниот зет Авдије Хоџиќ, а случајот на Шефика го презел неговиот татко Филота Фило.

Пресудите биле изречени на 25 мај 1970 година – Шефка била осудена на смрт со стрелање, а Авдија на пет години затвор.

Сепак, тоа не бил крајот на приказната. Благодарение на адвокатот, процесот бил обновен и истата година, на 18 септември, Шефика добила нова пресуда, а смртната казна била заменета со 20 години затвор.

Години подоцна, се појавија наводи кои го направија целиот случај контроверзен. Имено, Шефика на судењето го негирала делото тврдејќи дека го познава само Алија, а детето и го донел некој друг дома, велејќи дека таа требала да се грижи за него. За убиството на Алија дознала дури следниот ден, но и тогаш не ги знаела деталите, па не го поврзала случајот.

- Ја познавав Алија, добро, знаев дека е бремена и ќе има дете, таа ми беше пријателка, изјавила Шефка на судењето.

Мештаните  пак изјавиле дека лицето кое и го подарило детето на Шефика, а кое таа до крај одбивала да го именува, бил нејзиниот сопруг Неџиб или некој од нејзините најблиски роднини. Семејството Хоџиќ го продало имотот и за време на судењето од селото Јусица се преселило во Калесија кај Тузла.

Денес целиот случај е сеуште мистерија, а слична е и судбината на Шефика.

Она што е познато е дека добила предвремено ослободување од затвор во 1983 година. Оттогаш ништо не се знае за неа.

Се шушка, иако никогаш не е официјално потврдено, дека по излегувањето од затвор го сменила идентитетот, се омажила, па дури и родила дете. Наводно извесен период живеела со сопругот некаде во Војводина, а денес, се вели, е во странство и е сопственик на фирма.