Најпопуларната јакна за оваа сезона е вистинско изненадување: Идеална за секоја жена

Добивај вести на Viber

И не чини премногу...

Сафари јакните ја одбележаа модната ера на 60 - тите, а модните експерти највавуваат дека токму тие ќе загосподарат оваа есен.

За сафари јакните велат дека се еден од симболите на 60 - тите години, а ги прослави легендарниот француски дизајнер Ив Сен Лоран.

На прв поглед потсетуваат на некогашните работнички јакни и кошули, бидејќи оваа јакна со класичен крој има големи џебови и ремен околу половината, благодарение на кој одговара на секое тело.

View this post on Instagram

A post shared by JAQUELINE VAZZOLA (@fashionpuglady) on


Јакната на пазарот може да ја најдете во неколку бои, а кога станува збор за материјалот најзастапени се кеперот, кожата и тексасот.

Модните блогерки и зависничките од мода почнаа да носат вакви јакни за кои велат дека одговараат на сѐ, од спортски до елегантни изданија.

View this post on Instagram

A post shared by STYLEROOMS (@styleroomsnl) on


Јакната во сафари стил обично се комбинира со фармерки и сите видови на панталони, а доколку ја искомбинирате со здолниште ќе постигнете феноменален деловен аутфит.

Јакна во овој стил може да најдете во продавниците на Fashion Group Македонија, како и на нивната веб страница. Цената на онаа од брендот Манго изнесува 3.990 денари.