Најпознатата Хурем го прослави роденденот покрај преслатките ќерки: Ги збуни луѓето со свеќите на тортата (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Најпознатата на светот Хурем го прослави 39-от роденден со ќерките, со торта и свеќи, како што доликува, но наместо точниот број години, прослави цела деценија помалку!

Познатата турско-германска актерка Мерјем Узерли го освои светот во популарната серија „Сулејман Величествениот“ во улогата на харизматичната и амбициозна Хурем, а пред 2 дена го прослави својот роденден. Таа збуни многу луѓе бидејќи на тортата има свеќи во форма на броеви 2 и 9, па фановите се запрашаа дали убавата актерка го слави својот 29 или 39 роденден? Вистината е дека таа го прослави својот 39-ти роденден, но и дека поради некоја причина сакала да ја замени свеќата со број 3 со таа од бројот 2.


 Актерката, која ги натера сите жени на светот да почнат да ја бојадисуваат косата во црвена боја, блесна во бебешко син корсет, кој го спои со здолниште во иста боја кое има цветен дезен. Таа одамна не е црвенокоса, а косата во боја на мед ѝ беше во плетенки и држеше голем букет цвеќе.


На другите фотографии Мерјем е во краток летен фустан од бела тантела, а на косата има венец од природно цвеќе, додека во скутот држи уште еден букет. На следните фотографии има 2 торти, чија големина покажува дека славната Хурем го прославила својот роденден во топлината на семејниот дом. 

Актерката најмногу се гордее се нејзините ќерки. Мерјем на почетокот на минатата година се породи по втор пат и ја роди ќерката Лили Кои, чиј татко се уште не го открила во јавноста.


- Лара, тато и јас сме толку среќни што го направивме нашето семејство поголемо - напиша тогаш.

Првата ќерка Лара ја доби во 2014 година со милионерот Кан Атес, кој ја остави по 2 години врска кога остана бремена.

 По страшниот нервен слом што му претходеше на раскинувањето, Мерјем се обидела да се самоубие скокајќи од балконот, но за среќа се спасила само со полесни повреди. Набрзо била хоспитализирана во болница за психијатриски и ментални болести во Германија, поради што на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“ ја заменила друга актерка.

Таа не сака да зборува за таткото на нејзината друга ќерка, бидејќи мисли дека тоа може да влијае на нивната врска и не може повторно да помине низ слично сценарио.

извор:srecna.republika.rs