Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Добивај вести на Viber

Дека најпознатите македонски модели изгледаат подеднакво добро како и пред неколку години кога последен пат се појавија на модните писти, докажаа во хотелот Лимак каде блеснаа во шик комбинации од брендовите на Fashion Group по повод јубилејните 20-години од Модната недела Скопје.

Светлана и Мики Црнокрак, Марија Васиќ, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска, Маја Глигоровска, Рената Томиќ, Ана Биновска, Сани, Армандо Чаволи, Коки Лондѕа и многу други, беа само дел од моделите кои порано беа едни од најбараните и омилени на публиката.

Настанот беше ретроспектива по повод големиот 20 – годишен јубилеј на Модната недела Скопје, во организација на модното студио Црнокрак.

Сосема очекувано, полната сала беше воодушевена од секое појавување на моделите, дочекувајќи ги со громогласен аплауз и позитивни критики.

Секој еден од нив, привлече исклучително внимание во внимателно одбраните комбинации од брендовите на Fashion Group, појавувајќи се во највпечатливите парчиња од новата сезона со потпис на Mango, Guess, Fashion&Friends и други.

Момците пак, беа исклучително шармантни во ултра елегантните парчиња од Boss и Bitsiani, со доза секојдневен шик од секогаш омилениот Dan John кој и овојпат понуди парчиња за секојдневно уживање на момците.

Со поголема самодоверба од кога и да е, целосно опуштени и прекрасни, моделите раскажаа уште една приказна за себе и за времето по кое се чини, сите копнееме.

Она што забележавме дека дефинитивно е заедничко со тоа време и ова денес, е убавината на момците и девојките, но и безвременските парчиња соодветни за бројни пригоди.

Комбинациите умешно беа надополнети со модни додатоци како впечатливи чанти и чевли, но и накит во неодоливи бои кои ја најавија долгоочекуваната пролет.

Низ текстот, погледнете ги највпечатливите моменти од јубилејната ревија и уживајте во безвременската убавина на некои од нашите најпознати модели.

Дел од фотографиите се преземени од Вангел Тануровски

пр објава