„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Добивај вести на Viber

Стана познат на македонската јавност по создавањето на брендот за млечни производи „Здравје Радово“, потоа го продаде и излезе оттаму, а инвестираше во „Кораб Трница“, каде сега стопанисува неговиот син, а тој се концентрира на градежништвото, иако е сеуште ангажиран и во млекарницата.

Дали сте задоволни како „Здравје Радово“ се развива сега, откако вие излеговте оттаму, или можеше многу повеќе, го прашува водителот Мишко Иванов познатиот деловен човек Јован Дабевски, во подкастот „Бизнис муабети“, чија трета епизода за вас почитувани читатели ја емитуваме денеска на порталот Фактор.

„Можеше многу повеќе“, гласи одговорот на Дабевски.

Но, тоа не го смета за пад. Циклусите, вели, ми се такви во бизнисот, за околу 15 години се заситувам од одредени бизниси, се пронаоѓам, па влегувам во нови.


Повеќе на Фактор.мк