Најсреќните луѓе се оние кои сфатиле дека Бог е доволен
Многумина од нас поминуваат низ периоди на збунетост, загуба, повреда и тага затоа што не сме научиле како да воспоставиме чест искрен дијалог со Бога.
Честопати Неговите патишта ни изгледаат неразбирливи. Од Него бараме работи кои можеби не се најдобри за нас, а во исто време се надеваме дека нашата судбина ќе се промени. Понекогаш чувствуваме дека Тој не разбира што навистина не исполнува со среќа. Меѓутоа, меѓу најзадоволните и најрадосните луѓе се оние кои нашле внатрешен мир и љубов преку својата вера во Бога.
Се восхитуваме на нивната сила во соочувањето со предизвиците и сакаме да ја почувствуваме таа внатрешна сигурност. Ние копнееме за способност да простуваме кога нашите срца се скршени и леснотија да се ослободиме од она што не можеме да го контролираме. Тајната на нивниот душевен мир лежи во нивната длабока доверба во Бога. Не се оптоварени со бескрајни мисли секоја секунда, не се плашат од непознатото, ниту се изгубени во минатото.
Тие се фокусирани на сегашниот момент, смирено и благодарно прифаќаат се што им се случува. Откриле дека клучот за среќата е љубовта кон Бога. Кога ќе ја откриеме таа љубов, почнуваме да го разбираме животот на подлабоко ниво. Тогаш ние всушност почнуваме вистински да живееме, прифаќајќи го Бога како наш водич и глас. Луѓето кои го пронашле Бог знаат дека Тој е извор на радост и задоволство во нивните животи.
Тие не зависат од другите за нивната среќа, туку го одржуваат внатрешниот мир преку верата. Откако ќе сфатиме дека Бог е со нас и дека Тој е се што ни треба, престануваме да се сомневаме во себе и во нашите одлуки. Се чувствуваме комплетни и престануваме да ја бараме среќата надвор од нас. Нашата потрага по смислата и светлината на животот може да заврши со сознанието дека веруваме во Бога. Тогаш полесно ќе поминеме низ животот, без разлика на предизвиците кои ни се поставуваат. Имаме уверување дека сме заштитени и сакани и тоа е повеќе од доволно. На крајот на краиштата, тоа е сè што ни треба.
Фото: Freepik.comИзвор: Svezazenu.net