Најсуровото злосторство во Југославија го изврши преубава жена: Ѝ извадила бебе од утробата на пријателката, дури и познатиот адвокат Тома Фила морал да го напушти случајот

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen youtube Balkanske Prevare // Tragovi istine

Шефка Хоџиќ важеше за најпосакувана дама во Босна, но една работа ја натера да направи такво злосторство што сите го паметат и по 53 години

Шефка Хоџиќ важеше за една од најубавите жени во околината на Зворник, а како таква беше и најпосакувана. Сепак, една работа ѝ ја расипа среќата. Таа не можеше да остане бремена, што во тоа време се сметаше за многу лоша работа. Тој факт беше првичниот катализатор за едно од најсуровите злосторства што со денови ја потресуваше Југославија.

Имено, во 1969-та година во селото Јушиќи луѓето наишле на глетка која ретко може да се види во хорор филмови. Тие го пронашле телото на Алија Хасановиќ (26), која во моментот на смртта била бремена. Истрагата утврдила дека била убиена со пиштол, со три истрели и дека ѝ бил откорнат стомакот, а детето било извадено и одземено.

- Дете од утробата на мајката можел да грабне само некој кој премногу го сакал и не можел да го има. Треба да барате жена која има дете, а не го родила - оваа теза ја изнесе патологот, д-р Милан Вушиќ, врз основа на расекотините на стомакот.

Истрагата набргу вродила со плод. Испитувајќи ги сите жени кои се породиле ноќта меѓу 6-ти и 7-ти октомври, полицијата дошла кај Шефка Хоџиќ, која била училишна другарка на Алија.


Шефка признала дека ја лажирала бременоста и дека носела партали со месеци и на тој начин го импровизирала стомакот. Таа негирала дека е извршител на бруталното убиство, додека полицијата при опсежен претрес во нејзината куќа не пронашла накит од починатата, крвав нож и конецот од папочната врвца на бебето. Ова било цврст физички доказ кој фрлил голем сомнеж врз неа.

Истрагата утврдила дека Шефка ѝ направила заседа на нејзината пријателка Алија, испукала три куршуми кон неа, а потоа ѝ го расекла стомакот, го зела детето и го однела. Детето набргу починало.


Шефка на судењето упорно го негирала делото тврдејќи дека ја познава само Алија, а детето ѝ го донел некој друг, велејќи ѝ да се грижи за него.

- Ја познавав Алија, добро, знаев дека е бремена и ќе има дете, таа ми беше пријателка, како би можела да ја убијам - рекла таа на судењето.

Како соучесник во ова злосторство се наведува шурата на Шефка, Авдија Хоџиќ, бидејќи тој го прикрил целиот случај, додека Шефика му го дала пиштолот за да го сокрие. Јавноста беше шокирана, и изврши притисок врз обвинителството барајќи најстрога казна.

Она што е интересно е дека прв бранител на Шефка бил познатиот адвокат Тома Фила. По конфликтот на интереси, Фила се откажал од овој случај, кој го презел неговиот татко Филотас Фила, додека Тома го презел случајот со зетот на Шефка, Авдија.

Покрај тоа што Шефка ги имаше најдобрите бранители во тоа време, во 1970-та година ѝ беше изречена најстрогата пресуда - Шефка беше осудена на смрт со стрелање, а Авдија на пет години затвор.


Но, со големи напори на адвокатите, кои успеаја да го вратат процесот, истата година беше изречена нова пресуда - смртната казна беше заменета со 20 години затвор.

По издржувањето на казната, на Шефика ѝ се губи секаква трага. Од затвор излегла во 1983-та година, а се шпекулира дека го променила идентитетот и се преселила во странство. Исто така, се шушка дека се омажила и родила дете, но тие наводи никогаш не биле потврдени.


Извор: stil.kurir.rs