Најубавата Босанка веднаш се согласи да се омажи за 18 години постариот Турчин: Му роди 3 ​​деца, а тоа што ѝ го прави свекрвата е шокантно

Добивај вести на Viber

Неверојатната приказна за убавата Босанка покажува како во домот може да владее хармонија само со искреност

Јелена Југовиќ Тунчел ја освои титулата за најубава Босанка, а нејзината убавина и изглед оставаат без здив каде и да се појави. Додека доминираше во светот на модата, градеше успешна кариера како водителка, а потоа преку ноќ реши целосно да го промени својот живот. Таа се пресели во Турција со желба да влезе во светот на актерството.

Јелена пред повеќе од една деценија беше прогласена за најдобар модел на првата сезона на модното шоу на телевизијата ОБН и од тој момент продолжија успешните кампањи.

View this post on Instagram

A post shared by (@jelenajugovictuncel)


Таа не знаеше дека одењето во земја со магичниот Босфор целосно ќе го промени текот на нејзината судбина. И додека била посветена исклучиво на работата, глумата и изучувањето на турскиот јазик, неочекувано ја запознала љубовта на својот живот.

- Во мојата работа имам мултидисциплинарен систем на работа. Сакав да ја искористам секоја можност во Турција – вели таа.

Сопругот го запознала преку пријател со кој живееле во Истанбул. Тогаш не ни помислуваше дека пред неа е нејзиниот иден сопруг и татко на нејзините деца - турскиот бизнисмен Метин Тунчел, 18 години постар од неа.

- Ме воодушеви, бидејќи не е типичен маж на кој сме навикнати. Тој е високо образован, начитан и патувал низ светот. Ми беше многу интересен - изјави Јелена.

Од друга страна, Метин призна и дека мислел дека никогаш повеќе нема да се ожени, бидејќи веќе бил во брак од кој има прекрасна ќерка со која Јелена одлично се сложува.

- Искрено, никогаш не мислев дека повторно ќе се женам, мислев дека вака ќе живеам до крајот на мојот живот. Се запознавме преку заеднички пријатели, после 1,5 месец ја запросив и се венчавме. Фала му на Бога сѐ оди неверојатно добро, многу сме среќни. Бидејќи сме сигурни еден во друг, немаме никакви проблеми како љубомора. Никогаш не се чувствувам непријатно, кога мојата сопруга е постојано во центарот на вниманието поради нејзината работа – откри тој.

Родителите на Јелена на почетокот не ја одобрувале врската, но кога го запознале нејзиниот избраник се предомислиле.

По шест месеци врска, тие се венчаа во 2015-та година во Малтепе, а на свечената церемонија присуствуваа само блиски пријатели - сè изгледаше како бајка. А убавата госпоѓа за кратко време научи сè за турската култура.

Каде и да се појават пленат со позитивна енергија и делуваат вљубено како првиот ден.

View this post on Instagram

A post shared by (@jelenajugovictuncel)


- Мојата сопруга е многу амбициозна, вредна и успешна, но и дома е одлична домаќинка. Добро заработувам, ништо не ни треба на економски план, но Јелена се бори да биде успешна и во деловниот живот. Но, ние не прифаќаме понуди кои ги сметаме за несоодветни, бидејќи не сакам таа да носи бикини или да се бакнува - изјави тогаш тој.

Во меѓувреме, парот доби близнаци - Калина Дениз и Александар Мерт, а потоа им се роди уште една ќерка. Јелена успева да го балансира деловниот и приватниот живот, а стана многу популарна на Инстаграм каде ја следат повеќе од 70 илјади луѓе, а за тоа изгледа најзаслужна е нејзината свекрва!

View this post on Instagram

A post shared by (@jelenajugovictuncel)


Нивната врска им пркоси на сите предрасуди. Кога ќе се сретнат, секогаш добро се забавуваат, а насмевката е загарантирана. Убавата девојка често објавува видеа во кои главната улога ја има нејзината свекрва, а под секое има лавина интересни коментари.

Многумина ги прогласија за најдобра свекрва и снаа во Турција, а тие се вистински пример како во едно семејство може да владее хармонија, само ако има искреност.


Извор: stil.kurir.rs