Најубавите близначки на светот го покорија Кан: Внуките на принцезата Дијана мамеа воздишки на црвениот тепих (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Прекрасните близначки Лејди Амелија и Лејди Елиза Спенсер, инаку внуци на принцезата Дијана, не ја пропуштија премиерата на еден од најочекуваните филмови оваа година, „Top Gun: Maverick“ со Том Круз во главната улога.



Атрактивните 29-годишни девојки беа меѓу најзабележителните гости на црвениот тепих во Кан, и двете во елегантни вечерни фустани кои ги истакнаа нивните заносни фигури.

Покрај Амелија и Елиза, семејството Спенсер има уште еден познат член, убавата Кити, модел и сопруга на богатиот бизнисмен Мајкл Луис. Кити, Амелија и Елиза се ќерките на Чарлс Спенсер, братот на трагично починатата принцеза Дијана.

Лејди Елиза Спенсер за оваа свечена пригода облече црн фустан со каменчиња во светки кој одлично ја следи линијата на телото, додека Амелија облече црн фустан со дискретни штрасови и плисирани детали.



Извор: stil.kurir.rs

Фото: Instagram


Каков раскош: Најубавата жена на светот го фрли на колена Кан со фустан кој зборува илјада јазици + најубавите модни изданија на фестивалот