Највлијателните жени од Холивуд на заедничко селфи: Џеј Ло објави фотографија за која сите зборуваат

Постојат некои имиња во светот на познатите личности кои секогаш предизвикуваат бура. Од Ким Кардашијан до Џенифер Лопез до Опра Винфри, малку е да се каже дека секоја од овие жени привлекува големо внимание.

Меѓутоа, кога сите три ќе се најдат на заедничка фотографија, мрежите експлодираат!

Токму тоа се случи кога Џеј Ло ги сподели своите селфиња, бидејќи сите три гостуваа по повод дваесет и петгодишнината од успешниот бизнис на нивната омилена шминкерка Анастасија, која е специјализирана за веѓи.


Во раскошниот амбиент и беспрекорните комбинации на облека, ѕвездите уживаа во дружењето, а покрај овие три дами се најде и Софија Вергара.

Џени се потруди целата атмосфера да ја сподели со своите фанови, а фотографиите се само доказ дека и тие можат да уживаат!


Фото: Инстаграм - Џеј Ло

Ким даде многу пари за највредниот накит на принцезата Дијана: Кога луѓето слушнаа колку платила за крстот занемеа